СТРУМИЧКИ

СТРУМИЧКИ (МАКЕДОНСКИ) АПОСТОЛ – кириличен краток изборен ап. од втората пол. на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., 88 л., Прага, НМ, сигн. Ⅸ Е
25. Наречен според мак. град Струмица, од каде што го има набавено П. Ј. шафарик при својот престој во Нови Сад. Препишан со неугледна кирилица во некој провинциски југоисточен македонски литерарен центар, на што укажуваат 5 и правописно-јазичните особености, меѓу кои: неразликување на еровите (само 6) и носовките (всушност само 3, и покрај бројни варијанти на нацртот), вокализација на еровите (о, е), ограничен одраз на деназализација (4 > 7, 3 > е), промена ц5 > ца, редукција на вокалите. По употребата на архаична лексика близок му е на Охридскиот ап.
ЛИТ.: Е. Блахова, З. Хауптова, Струмич
ки (Македонски) апостол, Скопје, 1990 (изд., текст со крит. апарат, палеогр. и лингв. анализа, библ.). Зд. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *