СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ – карневал поврзан со празникот Велики Поклади (кај народот попознат како Прочка). Се одржува секоја година во тримерските денови, на почетокот на Велигденскиот пост. Проследен е со маскирање, кое има за цел истерување на злото и желба за среќа и плодност. Од традиционалните ликови впечатливи се зетот и невестата, попот, ѓаволот и сл. Карневалот завршува во средата, кога со традиционалните синии се оди во домовите на свршените девојки и кога се даруваат со ска-пи бовчалоци. Тогаш се пеат еротски песни и се кажуваат приказни со еротска содржина како упатување на младите во брачниот живот. Учесник на струмичкиот карневал Карневалот станува с“ попопуларен, а бројот на учесниците од година во година сè повеќе се зголемува. Очигледно е влијанието на повеќе светски познати карневали. Манифестацијата има поголем број придружни манифестации, изложби на детски ма-ски, цртежи и карикатури, избор на најдобри маски, сценски претстави и сл. Од 1995 г. Струмица е примена во фамилијата на карневалските градови ФЕЦЦ – Здружение на европските карневалски градови. М. Кит. Струмичкото Поле