СТРУМИЦА

СТРУМИЦА – десна притока на р. Струма. Во изворниот дел е позната под името Стара Река, а во Струмичката Котлина под името р. Струмица. Вкупната површина на сливот изнесува 1.893 км 2, од кои 1.649 км 2 или 87,1 % $ припаѓаат на РМ, а 244 км 2 или 12,9 % на РБ. Извира на височина од 1.540 м, а нашата земја ја напушта источно од Ново Село, на височина од 186 м. Долга е 75,1 км, има вкупен пад од 1.345 м, и просечен од 18,0 ‰. Средногодишниот протек кај вод. стан. Ново Село изнесува 4,2 м3/с. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.