СТРУМА

СТРУМА – река што се формира од мочурливите терени на планината Витоша во Бугарија, под Црни Врв (2.286 м), тече низ Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија и се влева во Егејското Море, во Орфанскиот Залив. Долга е

Тврдината Цареви Кули, Струмица
ната годишна температура на воздухот изнесува 12,9°Ц, а просечната годишна количина на врнежите 583 мм.
Струмица е стар град, кој во античко време се споменува под името Астраеум. Во И в. во градот престојувал римскиот император Тибериј и, според него, извесно време се викал Тибериополис. Во Струмица се наоѓа гробот на неговата ќерка Струма, според која подоцна Словените $ го дале денешното име. На сегашното мес-то е обновена во времето на Самуила, во почетокот на Ⅺ в. Во околината на градот во 1014 г. се одиграла познатата битка помеѓу војските на цар Самуил и византискиот цар Василиј Ⅱ, во која Самуиловата војска претрпела тежок пораз, биле ослепени 14.000 војници, а на секој стоти му било оставено по едно око за да ги води ослепените. Местото каде што е извршен тој геноцид народот го одбележил со името Водоча.
Поради поволната геополитичка положба во средниот век градот имал стратешко значење. Во периодот на турското владеење, особено во ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅩ в., бидејќи лежел на познатиот и доста прометен Серски пат, станал стопанско средиште. Во него секоја година во месецот август се одржувал прочуениот петнаесетдневен панаѓур. При крајот на ⅩⅠⅩ в. градот имал 10.160 ж.
Меѓу двете светски војни, како погранично место, Струмица ги губи поранешните функции и во 1921 г. овде живееле само 5.866 ж. Стопански и популациски започнува брзо да се развива дури во втората половина на минатиот век. Денеска најголем дел од населението во неа се Македонци
(32.075 ж.), а од малцинствата – Турци (2.642), мал број Срби (157) и Роми (130). Таа е седиште на општина што зафаќа површина од
32.149 ха, има 25 населени места со 54.670 ж. Градот претставува стопански, културно-просветен и управен центар на Струмичката Котлина. Има развиена текстилна, керамичка, метална, дрвна и прехранбена индустрија. Во градот постои Гимназија, Виша земјоделска школа, Дом на културата, Народен театар, Народен музеј, Меморијален музеј „Благој Јанков–Мучето“, Библиотека, Здравствен дом, а од од културно-историските споменици значајни се Царските Кули над градот, Струмин Гроб и манастирите „Водоча“ и „Велјуса“ (Ⅺ в.). Кај с. Банско е откриена една од најстарите рим-ски бањи во Македонија.
ЛИТ.: М. Ристи¢, Струмица, „Братство
књ. ⅩⅠⅩ, Београд, 1925; Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002, кн. Џ, ДСЗ, Скопје, 2004. Ал. Ст.

Напишете коментар