СТРУКТУРАТА И СТРУКТУРНИТЕ ПРОМЕНИ ВО ИНДУСТРИЈАТА

СТРУКТУРАТА И СТРУКТУРНИТЕ ПРОМЕНИ ВО ИНДУСТРИЈАТА – процентуалното учество на одделни гранки (оддели) во вкупното индустриско производство, учеството во вкупниот број на вработените во индустријата или во вкупните капитални фондови на индустријата како целина. Структурните промени го означуваат менувањето на структурата на производството од еден во друг период, а тоа се одразува и врз развојот на индустријата. Можат да се анализираат од повеќе аспекти. Во случајот на Република Македонијатреба да се внимава на фактот што до 1998 г. Државниот завод за статистика прибираше податоци за Годишниот извештај за индустријата според Единствената класификација на дејностите, утврдена во 1976 г., а од 1999 г. Годишниот извештај за индустријата се изработува според податоците прибрани врз основа на Националната класификација на дејностите. Оваа класификација се засновува врз меѓународната стандардна класификација и е сообразена со класификацијата што се применува во земјите на ЕУ. Таа ги обврзува членките на Унијата на единствен начин да ја искажуваат структурата на економијата, овозможувајќи полесно и пообјективно споредување. Според класификацијата од 1976 г., индустријата се определуваше како стопанска дејност со 35 гранки (заедно со енергетиката и суровинските гранки). Меѓутоа, според новата Национална класификација, индустријата се определува како сектор во економијата со 12 оддели, и таа е ограничена само на преработувачката индустрија. Во функција на анализата на структурата и структурните промени, можат да се направат различни групирања на индустриските гранки (оддели), во зависност од потребите и целите на анализата. Вообичаено се разликуваат: тешка и лесна индустрија; базна индустрија и други индустриски гранки; екстрактивна и преработувачка индустрија; пропулзивни и традиционални гранки и сл. Во почетната фаза на индустријализацијата на Македонија, под влијание на тогашната владејачка идеологија, акцентот во индустрискиот развој беше ставен на тешката индустрија. Сепак, доминацијата на ваквата политика не предизвика поголеми промени, бидејќи во почетокот не добија приоритет базните, туку гранките од лесната индустрија: текстилната, тутунската и прехранбената индустрија (оттука, на почетокот од транзицијата, т.е. во 1990-тите години, тешката индустрија учествуваше со околу 30%, а лесната со 70% во вкупното индустриско производство). Во структурата на индустријата на Македонија во средината на 1960-тите години, доминираат тутунската, прехранбената и текстилната индустрија, со кои, всушност, започна развојот на индустријата во Македонија пред Втората светска војна. Имено, 1965 г., повеќе од половина од вкупниот ОП создаден во индустријата (поточно 53%) доаѓаше од традиционалните гранки: тутунската индустрија, индустријата на текстил, кожа и обувки и индустријата на прехранбени производи и пијалаци. Од друга страна, мала беше застапеноста на базните и носечките индустриски гранки (црната металургија, металопреработувачката и машинската индустрија, производството на електрични машини и опрема и др.). Во периодот 1965–1990 г. настанаа значајни промени во индустриската структура. Економската наука предлагаше различни решенија за структурната ориентација на индустријата, но економската политика, без комплексни анализи и без согледување на развојните фактори и услови, форсираше други гранки, кои подоцна се покажаа како погрешна развојна ориентација. На пр., се форсираше развојот на црната и обоената металургија, иако имаа неповолни услови за развој, наспроти постојните ресурси за други гранки. На овој начин беа запоставени гранките што економската наука ги препорачуваше како приоритети и носители на развојот (металопреработувачката индустрија, машиноградбата, електроиндустријата, електроматеријалите, електрониката, производството на опрема, возила и трајни потрошни добра и др.). До определено подобрување во идустриската структура дојде во текот на 1990 г. Учеството на традиционалните индустриски гранки веќе е намалено, а зголемено е учеството на посовремените, пропулзивни и носечки индустриски гранки Меѓутоа, производството на текстилни производи, кожа и обувки, го задржа своето релативно високо учество и во новата структура. Сепак, сега расте финалното производство, односно производството на обувки и на го-Структурните промени во индустријата во Македонија – учество во ОП (во %) Гранки 1965 1990 1995 тови текстилни производи, а се намалува производството на кожа и текстилни ткаенини и предива. Ова е нов момент и повисок квалитет во структурата на индустријата. Подобрување на индустриската структура настанува и со порастот на учеството на современите, пропулзивни индустриски гранки: производството на електрични машини и опрема, металопреработувачката индустрија, производството и преработката на хемиски производи, производството на сообраќајни средства итн. Меѓутоа, значајната носечка индустриска гранка, како што е машиноградбата, не само што не го зголеми, туку и го намали своето учество, што секако е неповолна карактеристика. Во текот на 1990-тите години мал пораст бележат само тутунската индустрија, индустријата на градежни материјали, хемиската индустрија и особено електростопанството, како последица на намалувањата кај другите индустриски гранки. Меѓутоа, најголемиот број од индустриските гранки што имаа високо учество во структурата на индустријата бележат опаѓање. Така, повеќе или помалку, индустриското производство, во 1995 г. Електростопанство 6,4 7,9 24,8 опадна кај црната металургија, нафтените деривати, металопре- Јаглен – 0,1 0,0 работувачката индустрија, индус- Нафтени деривати – 4,0 0,0 тријата на сообраќајни средства, Железна руда 0,1 0,1 електромашинската индустрија, Црна металургија 1,0 7,5 3,1 производството на финални про-Руди на обоени метали 3,7 2,0 3,6 изводи од дрво, производството Обоени метали – 1,8 0,3 на текстил и кожа и кај прехран- Преработка на обоени метали 0,5 0,6 1,8 бената индустрија. Кон крајот на Производство на неметални руди 1,0 1,4 0,4 ХХ в. некои од капацитетите во овие гранки, делумно или целос- Преработка на неметали 4,3 2,1 1,7 но, беа рестартирани, со што по-Металопреработка 1,6 4,3 1,2 зитивно се влијаеше врз структуМашиноградба 0,9 0,7 0,1 рата на индустријата (таков е приСообраќајни средства 4,6 5,3 2,1 мерот со производството на че Електромашиноградба и опрема 2,5 5,5 4,6 лик и на обоени метали, но не и со Производство на хемиски производи 2,4 5,2 5,9 производството на руди и прера- Преработка на хемиски производи 2,2 3,7 5,1 ботката на обоени метали, потоа производството и преработката Камен и песок 1,3 0,8 0,6 на неметали итн.). Градежен материјал 5,0 3,6 5,4 ИЗВ.: Државен завод за статистика, Ста- Дрвна граѓа и плочи 0,2 0,5 0,1 тистички годишници за соодветни годи- Финални производи од дрво 3,9 2,5 0,9 ни, Скопје. Хартија 0,4 0,7 0,7 ЛИТ.: Никола Узунов, Структурна ориен тација во индустријата на СР Македони-Текстилни предива и ткаенини 10,4 6,3 5,3 ја – Прилог кон проекцијата за долгороч-Готови текстилни производи 6,4 10,5 9,3 ниот развиток, „Стопански преглед“, бр. 3-4, Скопје, 1972; Никола Кљусев, СтраКожа 1,6 1,2 0,7 тешки насоки на долгорочниот развој на Обувки 2,2 3,3 0,8 СР Македонија, „Стопански преглед“, бр. Гума 0,4 0,0 0,2 3-4, 1972, Скопје; Методија Несторовски, Прехранбени производи 9,7 6,4 5,7 Преструктурирање на индустријата на СР Македонија, Скопје 1989. П. Н. Пијалаци 1,5 3,2 2,7 Добиточна храна 0,0 0,2 0,3 СТРУКТУРНАТА ХЕМИЈА ВО Тутунска 24,8 7,0 11,4 МАКЕДОНИЈА – научна област што во Македонија вистински за Графичка 1,0 1,1 0,7 почнува во 1965 г. со набавката на Разновидна 0,0 0,5 0,3 првиот спектрофотометар. Осно-Вкупно: 100 100 100 воположник на овие истражуваХемиската лабораторија на Иститутот по хемија при ПМФ во Скопје ња е Иван Петров, кому наскоро му се придружил и Бојан шоптрајанов. Под нивно раководство на Хемискиот институт била формирана група што се занимавала со изучување на вибрационите спектри на прости и комплексни неоргански и органски соединенија, особено оние кај кои е присутно водородно сврзување. Во почетокот на 70-тите години од минатото столетие истражувањата се прошириле и на рендген-структурната анализа, а уште подоцна и на теориската структурна хемија. Мошне плодно поле на истражување биле сахаринатните и тиосахаринатните соединенија, а подоцна и минералите од Македонија. Групата за структурна хемија на Хемискиот институт е широко меѓународно позната. Б. ш. 408 км, од кои 290 км или 71,1 % течат во Бугарија, а 118 км или 28,9 % во Грција. Вкупниот пад $ е 2.286 м, а просечниот 5,6 ‰. Сливот зафаќа површина од 17.000 км 2, од кои на Бугарија $ припаѓаат 10.797 км 2 или 63,5 %, а на Грција 6.203 км 2 или 36,5 %. Водата на р. Струма се користи за наводнување и за производство на електрична енергија. ЛИТ.: К. Иванов, В. Маринов, Т. ПанаŸотов, А. Петков, Хидрология на БÍлгария. София, 1961. Др. В.