СТРУГАР, Владо

СТРУГАР, Владо (с. Чеклин, Цетиње, Црна Гора 28. ⅩⅠⅠ 1922) – првоборец, историчар и книжевник, полковник на ЈНА, член на ЦАНУ. По Ослободувањето бил на разни воени должности, а најдолго во Воено-историскиот институт во Белград. Дипломирал на Вишата воена академија на ЈНА и Институтот за општествени науки во Белград, со Ⅲ степен на Филозофскиот факултет во Белград и докторат по историски науки со темата “Народноослободилачки рат Југославије“ (во АН на СССР во Москва, 1968). Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав (23. Ⅺ 1981). Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Социјална демократија о националном питанју југословенских народа, Београд, 1956; Рат и Револуција народа Југославије, Београд, 1962; Југославија 1941-1945, Београд, 1969; Избор из југословенске прозе и поезије 1918-1968, Београд, 1969; Место Македоније у историографији о Југославији у Другом светском рату, Ослободителната војна и револуцијата во Македонија, Скопје, 1973, 55–76. С. Мл.