СТРИП

СТРИП (англ. стрип) – серија цртежи или фотографии што прикажуваат некој настан, најчесто проследени со куси текстови. Раѓањето на стрипот се смета од 1892 г. Стрипот доживеал највисок подем со В. Дизни, Џ. Харимен, Х. Фостер, Б. Хогарт, Х. Прат. Во Македонија со стрип се занимаваат: Д. Марковиќ, Љ. Филипов, Б. Пејчинов, С. Џајков, Д. Михајлов, И. Тошевски, Ј. Манасиевски, М. Камиловски, А. Станковски. ЛИТ.: Владимир Величковски, Македонска карикатура, Скопје, 1994; Томислав Османли, Стрип – запис со човечки лик, Скопје, 2002. Ал. Цв. Рудникот Стрмош