СТРИМОН

СТРИМОН – клисура, тема, епископија. Најпрвин била формирана клисура (крајот на Ⅷ в.), потоа тема (сред. на Ⅸ в.), со седиште во Сер. Ги зафаќала териториите меѓу Струма, Места, Родопите и Егејското Море. Павле од Стримон бил присутен на т.н. Фотиев собор (879). На крајот на Ⅹ в. темата била обединета со темата Солун, а во Ⅺ в. влегувала во составот на темата Волерон.
ЛИТ.: М. Рајковиђ, Област Стримона и тема Стримон, ЗРВИ, 5, 1958. К. Аџ.

Напишете коментар