СТРИЖИБУБАЧКИ

СТРИЖИБУБАЧКИ (Церамбѕцидае) – тврдокрилни инсекти. Имаат издолжено тело со повеќечленчести пипала, кои се подолги од телото. Ларвите на овие видови се бели по боја, без нозе и се развиваат под кората на дрвјата или во самото дрво. Некои Стрижибубачка ларви се развива(Церамбѕцидае) ат и во почвата, хранејќи се со растителни корења (род Дорцадион). Во Македонија се потврдени 127 видови стрижибубачки, од кои 14 се ендемични. Во дабовите шуми се среќава дабова стрижибубачка (Церамбѕџ цердо Л.), која е заштитен вид. ЛИТ.: Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф Мацедониа фром а виењ поинт оф хитхерто фаунистиц инвестигатионс. Партиципатион њитх Ундерпројецт: Класс Инсецта, Мацедониан Мусеум оф Натурал Хисторѕ – Министрѕ оф Сциенце, Финал Репорт, Скопје, 1999, 23-30; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.