СТРЕЛАШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

СТРЕЛАШТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА – современа спортска активност што првпат се спомнува во Скопје (1910). Први стрелачки отсеци биле формирани во Соколската организација (1930– 1941). По Ослободувањето биле основани голем број стрелачки дружини. Формираниот Стрелачки сојуз на Македонија (1948) имал 72 дружини со 4400 членови. Репрезентативмазетовиќ (1955–1957), Димитар Копанов и Андреја Јовановски. Сениорски прваци на Југославија станале: Никола Вујовиќ (1955) и Јоже Врбинц (1960) – војничка пушка, „Титова мета“, Никола Лукаров – војничка пушка, Владо Георгиев (1981) – воздушна пушка, а имало прваци и во младинската и пионерската конкуренција. На балканските првенства први места освоиле: Мите Георгиев во Загреб (1981), Борис Грнчаров во Охрид (1989) и Нада Китановска во Истанбул (2002), а сличен успех постигнале и неколку натпреварувачи и во младинската конкуренција. Учесник на Олимписките игри бил Дарко Насевски во Лос Анџелес (1996), Дивна Пешиќ во Сиднеј (2000) и Сашо Несторов во Пекинг (2008). Во Скопје биле одржани неколку југословенски и балкански првенства. ЛИТ.: 30 години физичка култура и спорт, 1945–1975 во СР Македонија, Скопје, 1976, 196–197. Д. С. Списанието „Стремеж