СТРЕЗОСКИ, Владимир

СТРЕЗОСКИ, Владимир (Битола, 1. ⅩⅠⅠ 1949) – ел. инж., д-р на техничките науки, ред. проф. на Факултетот за технички науки во Нови Сад. шеф е на Катедрата за ЕЕ. Два мандата бил директор на Институтот за енергетика и електроника. Тој е дописен член на Инженерската академија на Србија. Исто така е автор/коавтор на 8 трудови во најпознатите ЕЕ списанија и на голем број трудови на научни/стручни собири, студии, НИП и АП. Стрезоски е коавтор на две монографии и два универзитетски учебника, а е и еден од раководителите и учесник во изработката на широко применуваниот софтверски пакет за анализа и управување со дистрибутивните мрежи. Дал прилог кон методите за анализа на ЕЕС. Др. Р. Сашо Несторов, учесник на Олимписките игри во Пекинг во дисциплината стрелање со воздушна пушка на 10 метри