СТРЕЗОВСКИ, Јован

СТРЕЗОВСКИ, Јован (с. Подгорци, Струшко, 26. Ⅳ 1931) – поет, раскажувач и романсиер, општественик и долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата. Основно училиште завршил во родното село и во Крагуевац, Учителска школа во Битола, а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1955-1960). Неколку години бил учител во струшките села, а потоа директор на Техничкото училиште во Струга. Бил претседател на Собранието на ДПМ. Живее и работи во Струга. БИБ.: шепоти, Скопје, 1958 (поезија); Светулки, Скопје, 1959 (поезија за деца); шарени песни, Скопје, 1959 (поезија за деца); Луѓе со лузни, Скопје, 1961 (раскази); Патот до зората, Скопје, 1962 (роман за деца); Братско стебло, Скопје, 1964 (роман за деца); шарено огледало, Скопје, 1965 (поезија за деца); Синови, Скопје, 1968 (роман за деца); Орфеј на бескрајот, Скопје, 1971 (поезија); Вода, Скопје, 1972 (роман); Свето проклето, Скопје, 1978 (роман); Саатот кукавица, Скопје, 1977 (книга за деца); Зарек, Скопје, 1981 (роман); Велебилје, Скопје, 1985 (поезија); Јанѕа, Скопје, 1986 (роман); Патот до зората, Скопје, 1986; Синови, Скопје, 1986 (раскази); Ноќниот воз, Скопје 1989 (поезија за деца); Тајни, Скопје, 1989 (раскази); Злодобро, Скопје, 1990 (роман); Езерски сон, Скопје, 1990 (поезија); Злодобро, Београд, 1991 (роман, превод на српски јазик); Чуден свет, Скопје, 1991 (поезија); Плетеница, Скопје, 1992 (поезија); Прва љубов, Скопје, 1992 (проза); Сили, Скопје, 1992 (раскази); Завет, Скопје, 1993 (роман); Јанѕа, Скопје, 1993 (роман); Билка на бесмртноста, Скопје, 1993 (кратка проза); Еретик, Скопје, 1994 (роман); Животраг, Скопје, 1995 (роман); Свет во свет, Скопје, 1996 (поезија); КоренÍ, 1996 (поезија, препев на руски јазик); Поезија, Скопје, 1998; Блик, Скопје, 2000 (поезија); Последно прибежиште, Скопје, 2002 (роман). Има објавено и избор од неговото творештво во 5 тома. С. Мл.