СТРАЧКОВ, Благој Миланов

СТРАЧКОВ, Благој Миланов (Велес, 29. Ⅱ 1920 – Велес, 14. И 1943) – револуционер, организатор на работничкото, синдикалното и младинското движење во Велес меѓу двете светски војни, првоборец, народен херој. Член на СКОЈ и на КПЈ (од 1940), организатор на оруженото востание во Велес и Велешко. Во декември 1941 г. бил избран за секретар на МК на СКОЈ, а веднаш потоа и за член Благој Миланов Страчков на МК на КПЈ за Велес. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ работи на неговото омасовување, а откако јавно се изјаснил дека не сака да служи во бугарската војска, во септември 1942 г. се илегализирал и станал борец на Одредот. Бил именуван за комесар на чета. Учествувал во сите борбени судрувања со бугарската војска и полиција на велешкиот и на тиквешкиот терен. Во судир со бугарската полиција бил фатен и жестоко мачен, а потоа жив искасапен и закопан во касарната во Велес. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941-1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985; Народни хероји Југославије, Ⅱ, Београд, 1982; Велешкиот партизански одред во 1942, Велес, 1999. Ѓ. Малк.