СТРАСНА

СТРАСНА (ВЕЛИКА) НЕДЕЛ (ВЕЉА НЕДЕЛ) – календарски обичај, неделата пред Велигден (од Цветници до Велигден). Во текот на овие денови се изведуваат многу обичаи, особено на Велики четврток кога се вапцуваат црвените јајца. Во те-Вапцани и украсени велигденски јајца кот на таа недела во минатото на христијанството се случиле големи настани: тајната вечера, предавството, фаќањето, судењето и распнувањето на Исус, потоа погребението и воскресението. Во текот на оваа недела се прават последните подготовки за празникот. Во сабота навечер се оди в црква, каде што се следи литургијата и се останува до пол-ноќ, за да се слушне веста за воскресението на Спасителот Исус Христос. ЛИТ.: Лазар Миркови¢, Хеортологија, Београд, 1961; Марко Китевски, Македонски празници, Скопје 2001. М. Кит.