СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ

СТРАНСКИ ЕКОНОМИСТИ ЗА РМ. Меѓу странските економисти што дадоа значаен придонес во соработката со Република Македонијаи за проучување на македонската економија, посебно треба да се спомнат: Исак Адижес, Џозеф Бреда и Романо Проди. Исак Адижес Исак Адижес (Ицхак Адизес)спаѓа меѓу водечките светски експерти во областа на менаџментот, т.е. во сферата фокусирана врз подобрувањето на перформансите на бизнисите и на владите, преку спроведување фундаментални промени во организациите и избегнување на хаосот и на можните деструктивни конфликти. Тој е креатор на специјална методологија за организациски и културни промени во организации од различен тип, патентирана под неговото име и успешно спроведена во повеќе од 400 фирми (вклучувајќи тука и светски познати фирми) и во голем број влади во светот. Адижес денес е претседател и професионален директор на сопствениот Институт Адизес во Санта Барбара, Калифорнија (САД). Како врвен експерт, бил визитинг-професор на престижни универзитети во САД (Стенфорд и Колумбија) и во Израел (Тел Авив и Хебрејскиот универзитет). Во раните транзициони години, Адижес беше советник на Владата на РМ. Неговите предавања за предизвиците на промените и разрешувањето на конфликтите кои секоја година ги одржува во стопанската комора на Македонија и во други институции во земјата предизвикуваат посебен интерес меѓу претставниците на бизнис и академската заедница во РМ. Адижес, како роден скопјанец и голем пријател на Македонија, често е гостин и предавач во нашата земја. Избран е за Профессор хоннорис цауса на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2005) и примен е за член на МАНУ надвор од работниот состав (2009). Џозеф Бреда Џозеф Бреда (Јосеф Брада) е редовен професор по економија на Државниот универзитет во Аризона, САД. Тој е светски познат економист, со импозантен број трудови од областа на меѓународната трговија и за економските проблеми на земјите во транзиција. Неговиот придонес за Македонија е неспорен во областа на интензивирањето на соработката помеѓу американската и македонската академска заедница, во проучувањето на економските проблеми на Република Македонијаи предлагањето решенија за нивно надминување. Како директор на Меѓународната програма на Колеџот за бизнис на Државниот универзитет во Аризона, обезбеди престој на голем број македонски универзитетски наставници и соработници во САД. Со свои трудови посветени на земјите во транзиција и на Република Македонијаредовно настапува на меѓународни конференции организирани во нашата земја. Во текот на 1996/97 г. беше визитинг-професор на Економскиот факултет во Скопје, а во 2000 г. консултант на Министерството за развој на РМ. Во текот на 2005/2006, како копретседател на Блуе Риббон комисијата за Македонија, даде особен придонес за согледувањето на клучните проблеми на македонската економија и во предлагањето решенија за нивно надминување. За своите заслуги и придонес за соработката со Република Македонијабеше избран за Профессор хоннорис цауса на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2000), а неколку години потоа и за член на МАНУ надвор од работниот состав (2006). Романо Проди Романо Проди (Романо Проди) е познат италијански економист и истражувач, со вонредно успешна и содржајна академска кариера, која започна на неговиот матичен универзитет во Болоња во шеесеттите години на минатиот век, продолжи на познати универзитети и во научноистражувачки институти во Италија, за да стигне до престижните универзитети Стенфорд и Харвард во САД. Фокусот на неговата истражувачка работа во економијата е лоциран во три области: индустриска политика (името на Проди стои покрај основоположниците на познатата италијанска школа за индустриска економија), економија и политичка економија и европски интеграции. Проди оствари и богата политичка кариера – од министер во Владата на Италија, преку премиер на Италија, до претседател на Европската комисија. Проди ја застапува тезата дека економското и политичкото единство на Европа и заедничките вредности ја поттикнуваат ЕУ кон отвореност. Како осведочен пријател и почитувач на РМ, тој редовно ја поддржуваше и ја охрабруваше нашата земја да истрае во нејзините напори за активно партиципирање во европските интеграциони процеси и за приближување кон полноправното членство во ЕУ. На Проди му е доделено звањето почесен професор по економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (2003). ИЗВ.: Билтен на Петнаесеттото изборно собрание на МАНУ, том Ⅲ, МАНУ, Скопје 2006; Билтени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, бр. 822/2003; Предлог и Реферат за доделување на титулата почесен доктор на економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје, мај 2005. Т. Ф. – М. С.