СТОЈЧЕВ, Борис

СТОЈЧЕВ, Борис (Битола, 1. Ⅵ 1924) – физичар, ред. проф. (1964) на универзитетот во Торонто и негов почесен професор, член на МАНУ надвор од работниот состав (1981). Во Канада од 1931 г., дипломирал (1947) и докторирал (1950) на Универзитетот во Торонто. Пред тоа, работел 13 години во Националниот истражувачки совет во Отава. Во врвни спи-Борис Стојчев санија објавил повеќе од 150 забележани статии поврзани со интеракцијата на светлината и материјата, Рамановата спектроскопија со висока резолуција и нелинеарната оптика. Го направил првиот ласер во Канада и нашол ингениозни примени на ласерите за истражувачки цели. Раководел со изработката на 25 докторски дисертации. Објавил (2002) обемна биографија на неговиот ментор, нобеловскиот лауреат Герхард Херцберг. Бил декан (1972–77) на Факултетот за инженерство во Торонто, претседател на Американското друштво за оптика (1976) и на Канадската асоцијација за физика (1983–84), повеќегодишен член на Научниот совет на Канада и секретар (1996) на Меѓународната асоцијација за чиста и применета физика. Се стекнал со почести во Канада и во други земји, член е на академиите на Канада, САД, Велика Британија и Индија. ЛИТ.: шесто изборно собрание. Реферати и прилози, 4. Ⅹ 1981 г., стр. 33-44. В. Ур. Ванче Стојчев