СТОЈЧЕВСКИ, Тодор Костадинов

СТОЈЧЕВСКИ, Тодор Костадинов (Прилеп, 29. Ⅴ 1929) – спец. интернист-хематолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (од 1987). Мед. ф. и специјализација завршил во Скопје. Постдипломски студии по хематологија во Оксфорд (Англија) (1963/64), а докторирал (1970) во Скопје. Директор на РЗТ (1966–1968). Бил продекан на Мед. ф. (1978–1980), а потоа директор на Клиниката за хематологија (1980–1988). Објавил над 200 труда. БИБ.: Клиничка хематологија, Скопје, 1979; Хематологија, Скопје, 1995; Геријатрија, Скопје, 2000. Сл. М. П. Гоце Стојчевски -Амбарче