СТОЈЧЕВСКИ, Санде

СТОЈЧЕВСКИ, Санде (с. Студена Бара, Куманово, 16. Ⅸ 1948) – поет, есеист, литературен критичар, преведувач. Бил новинар, а потоа уредник на Образовната редакција на Радио Скопје, главен уредник и директор на Книгоиздателството „Македонска книга“, главен уредник на прилепското списание „Стремеж“ и на поновото скопско гласило „АКТ“. Коавтор е на петтомната едиција „Македонската книжевност во книжевната критика“ (1973). Како Санде Стојчевски поет настојува да ги соедини архаичните (дијалектните) и модерните изразни модели и тоа од првообјавената збирка „Кралот на лебедите“ (1972) до последната „Сипкава преѓа е свет“ (2003). Неговата поезија се реализира низ примената на трите принципи: принципот на архаичноста, принципот на интерполацијата и принципот текст–тест. ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век (1990). В. М.-Ч.