СТОЈЧЕВСКИ, Методија

СТОЈЧЕВСКИ, Методија (с. Герман, Леринско, 1905 – с. Бистрица, Битолско, 17. Ⅸ 1995) – припадник на работничкото и комунистичкото движење, член на КПЈ од 1940. Живеел и работел во селото Бистрица, Битолско. Во летото на 1942 г. активно го помагал Движењето. Во септември 1942 преминал во илегалство. По провалата во с. Бистрица бил откриен и уапсен (17. Ⅹ 1942) и бил осуден од бугарскиот воен преки суд на 14 години робија. Казната ја издржувал во затворот Идризово. На 29 август 1944 г., со други политички затвореници, избегал од затворот и се приклучил кон Осмата НО бригада. По Ослободувањето работел во заднината на формирањето на НОО и во Народниот фронт. ИЗВ.: ДАРМ, фонд, 427, ЦК на КПМ– СКМ, Партиски досиеја на носители на „Партзанска споменица 1941“, досие на добиени споменици, бр. 644. М. Мих.