СТОЈЧЕВСКИ-АМБАРЧЕ, Гоце

СТОЈЧЕВСКИ-АМБАРЧЕ, Гоце (Тетово, 1919 – с. Беличица, Гостиварско, 19. Ⅸ 1944) – народен херој. Бил библиотекар во локалната библиотека, секретар на МК на КПЈ и учесник во НОД (1941). Во НОАВМ бил политички комесар на партизански одред на шар Планина (1943). Во борбата со балистички сили кај с. шипковица (1943) бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борба и бил прогласен за народен херој на Југославија. ЛИТ.: Народни херои од Македонија, Скопје, 1970. Вл. Ив.