СТОЈЧЕВИЌ, Ѓорѓе

СТОЈЧЕВИЌ, Ѓорѓе (Кратово, 1859 – Скопје, 26. И 1926) – композитор, хорски диригент и наставник. Се школувал во родниот град, во Алексинац и во Белград, каде што го завршил Богословското училиште. Учел музика во Москва и во Петроград (1895). Бил учител, службеник и хорски диригент во повеќе градови во Србија и во Македонија. Неговите лични творби, едноставни по својата структура, исклучиво $ припаѓаат на духовната сфера. Др. О. СТОЈЧЕВСКА, Вера Тасова