СТОЈКОВ, Стојан

СТОЈКОВ, Стојан (Подареш, Радовишко, 17. Ⅹ 1941) – композитор. Композиција учи во Скопје (Вл. Николовски) и на Музичката академија во Белград, каде што и дипломира (Е. Јосиф, 1969). По Стојан Стојков враќањето во Скопје станува професор во Средното музичко училиште, аод 1979 г. на Факултетот за музичка уметност. УШТЕ во своите студентски дела С. се покажува како лиричар со фолклорна ориентација, особености што ќе ги задржи во текот на целиот повеќедецениски опус. Ав-тор е на дела од повеќе музички родови. Сепак, преовладуваат камерните и оркестарските дела, како и голем број хорски композиции (Селска суита, 1973). Б. Орт.