СТОЈКОВСКИ, Насте

СТОЈКОВСКИ, Насте (Мраморец, Битолско, 10. Ⅶ 1932 – Скопје, 23. Ⅷ 1993) – новинар и издавач. Завршил Правен факултет во Скопје. Од 1960 г. работи во „Млад борец“, а до крајот на работниот век во НИП „Студент-ски збор“, како уредник и директор. Долгогодишен деец и претседател на Здружението на новинарите на Македонија. Б. П. Ѓ.