СТОЈКОВИЌ, Мирослав

СТОЈКОВИЌ, Мирослав (Скопје, 1935) – градежен инженер, редовен професор од областа на сеизмологијата. Завршил Градежен факултет во Скопје (1963), магистрирал (1967) и докторирал (1991) во ИЗИИС. До 1965 г. работел во „Македонија-проект“, од 1966 во ИЗИИС (од асистент до редовен професор) на проблеми од инженерската сеизмологија, особено на микротремори и локални влијанија на почвата во врска со сеизмичките ризици, заштитата и превентивата. Истражувал повеќе силни земјотреси. Предавал инженерска сеизмологија и сеизмичко микрореонирање. Објавил 53 труда на светски, европски, меѓународни и домашни конференции; автор е на 11 научни проекти и над 200 стручни труда. К. Тал. Глигор Стојковски