СТОЈАНОВ, Зафир

СТОЈАНОВ, Зафир (Делчево, 7. Ⅹ 1930) – физичар, ред. проф. (1981) на ПМФ. Дипломирал (1957) на ПМФ, каде што докторирал (1974) со тема во која се изучуваат синтерувани метали и легури со помош на ултразвук. За таа цел оформил Лабораторија за примена на ултразвукот за истражувања на тврдите тела. Специјализирал во Гетинген и Ахен. Држел настава од Општа физика, главно за студентите по хемија, но и на други факултети во Скопје и во Битола. Објавил неколку средношколски и универзитетски учебници („Општа физика И и Ⅱ“) и околу 30 научни статии во домашни и странски списанија. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 172; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 183. В. Ур.