СТОЈАНОВ, Димитар

СТОЈАНОВ, Димитар (Димче, Мире) (Прилеп, 1910 – Скопје, 1991) – учесник во предвоеното студентско и комунистичко движење и во НОБ, македонски политичар и државник, историчар и архивист. По завршувањето на студиите по историја на Белград-Димитар Стојанов-Мире скиот универзитет (1935) професорува во Гимназијата во Прилеп (1935-1940), во Пеќ (до април 1941) и во Кратово (1941/42). Во следната учебна година (1942/43) е испратен во Ловеч (Бугарија), но поради антифашистичката дејност, заедно со Ченто и други прилепчани, е интерниран во логорот Чучулигово (Пиринскиот дел на Македонија). По враќањето (почетокот на 1944) станува борец првин во Ⅱ, а потоа во Ⅴ македонска народноослободителна бригада. Член на АСНОМ (од август 1944), а од Ⅱ заседание на АСНОМ член и на Президиумот и повереник за просвета во ДФМ. По Ослободувањето врши разни државни и општествено-политички функции, па и претседател на Народното собрание (1951–1955), а до пензионирањето е директор на Државниот архив на Македонија (1960–1978). Бл. Р.