СТОЈАНОВСКИ, Цветан

СТОЈАНОВСКИ, Цветан (Битола, 5. Ⅴ 1965) – оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Во 1985 г. дипломирал соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. М. Ефтимова), а специјализирал во Загреб, Хрватска. Во Операта на МНТ работел од 1989 до 1992 и повторно од 1996 година. Во меѓувреме (1992–1996) е ангажиран како солист во Загрепската опера. На оперската сцена на МНТ Цветан Стојановски дебитирал со улогата на Неморино во операта „Љубовен напиток“. Учествувал во изведбата на повеќе вокално-инструментални дела. Гостувал во оперските центри на поранешна Југославија, во Бугарија, Грција, Русија, Романија, Шпанија, Албанија. Се занимавал и со оперска режија. Од 1998 до 2000 г. бил уметничи директор на Операта и Балетот на МНТ. УЛОГ: Марио Каварадоси („Тоска“), Манрико („Трубадур“), Алфред Жермон („Травијата“), Дон Хозе („Кармен“), Радамес („Аида“), Рудолфо („Боеми“), Отело, Дон Карлос, Алваро („Моќ на судбината“), Василиј Ⅱ („Цар Самуил“). Ф. М. СТОЈАНОСКИ, Борис Бошков