СТОЈАНОВСКИ, Панче

СТОЈАНОВСКИ, Панче (Стру-мица, 14. И 1940) – основоположник на македонската дијатомолошка школа. Долгогодишен професор на Институтот за биологија при ПМФ каде што има и неколку раководни функции. Докторската дисертација „Перифитонот на Дојранското Езеро – неговиот состав и продукција“ ја одбранил во Скопје (1977). Автор е на повеќе од 50 научни трудови од областа на пресноводната алгологија, продукција и сапробиологија. Св. К.