СТОЈАНОВСКИ, Пане

СТОЈАНОВСКИ, Пане (Скопје, 8. Ⅵ 1946) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1992 г.) по предмети од областа на теоријата на конструкциите. Магистрирал на Градежниот факултет во Скопје (1977), каде што и докторирал (1982). Се усовршувал во Велика Британија со стипендија на Британскиот совет (1977/78), во Станфорд (САД) со Фулбрајтова стипендија (1989/ 90). Главна об-ласт на научноистражувачката работа му е оптимизацијата на рамковните конструкции и управување со сеизмички ризик. Од 1992 г. живее и работи во САД. Љ. Т. Панче Стојановски