СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов

СТОЈАНОВСКИ, Никола Алексов (с. Скачинци, Велешко, 8. Ⅱ 1923) – педијатар, хематолог. Мед. ф. завршил во Белград (1952), а специјализација по педијатрија во Загреб (1958). Во Велес го отворил Педијатриското одделение и го раководел с“ до одењето в пензија (1987). Истовремено бил Управник на Медицинскиот центар во Велес од неговото формирање (1964–1987). Докторирал на тема „Таласемии во Велешкиот регион“ (1983). Објавил над 90 стручни трудови, во 2000 г. ја објавил книгата „Здравствената култура во Велес и Велешко од минатиот до крајот на ⅩⅩ век“, а во 2003 „Д-р Панче Васков: живот и дело“. Бил пратеник во Собрание на РМ. ИЗВ.: Д-р Панче Васков: живот и дело, Велес, 2003. Н. П.-Ј.