СТОЈАНОВСКИ, Ненад

СТОЈАНОВСКИ, Ненад (Скопје, 19. Ⅷ 1952 – Скопје, 14. Ⅶ 1998) – актер. Дипломирал на Вишата музичка школа, на Отсекот за драмски актери во Скопје (1976). Член е на Драмскиот театар во Скопје (1976-1998). Со својата извонредна сценска појава уште во почетокот на кариерата раскошно го демонстрираше својот талент. Во Драмата на МНТ ги реализираше улогите Пиги („Среќна Нова ‘49“) и Силјан („Црна дупка“). Беше гостин во проекти на Дубровничките и Сплитските летни игри. Настапуваше и во низа ТВ драми, ТВ серии, ТВ филмови и радиодрамски остварувања. УЛОГ: Андреја („Диво месо“), Михајло („Лет во место“), Матеј („Хај-фај“), Јаков („Дупло дно“), Војдан („Тетовирани души“), Дантон („Смртта на Дантон“), Миле („Сили во воздухот“), Дамјан („Кула Вавилонска“). Р. Ст.