СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов

СТОЈАНОВСКИ, Мирослав Душанов (Скопје, 10. Ⅶ 1959) – генерал-потполковник, началник на ГШ на АРМ. Завршил Воена академија, во родот пешадија во ЈНА. Офицерската кариера ја започнал како командир на вод и на чета, бил заменик на командант на баталјон, началник на отсек за Воена полиција и командант на Ⅵ одред. Завршил Командноштабна академија и школа за народна одбрана. Од повисоките раководни должности ги вршел Мирослав Стојановски следниве: помошник на началник на одделение за стратегиски истражувања, раководител на Катедрата за физичко воспитување при ВА, командант на пешадиска бригада, командант на силите за борба против тероризам и заменик на НГШ на АРМ за борбена готовност. ИЗВ.: Архив на ГШ, дос. „Генерали на АРМ“. В. Ст. Ненад Стојановски