СТОЈАНОВСКИ, Кирил

СТОЈАНОВСКИ, Кирил (с. Злести, Дебарца, 1909 – 31. И 1971) – свештеник и истакнат учесник во НОАВМ. По Априлската војна (1941) му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ (11. Ⅺ 1943). Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија. ЛИТ.: Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989; Јован Белчовски, Историските основи на автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1986. С. Мл. Коце Стојановски СТОЈАНОВСКИ, Коце Николов