СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов

СТОЈАНОВСКИ, Зоран Милутинов (Томино Село, Македонски Брод, 28. Ⅹ 1937) – психолог, универзитетски професор. Основно образование завршил во Долни Манастирец, а учителска школа во Скопје. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград (1965), а магистрирал во Центарот за мултидисциплинарни студии во Белград (1975). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1986). Работел како психолог во Заводот за вработување во Куманово и како советник во Републичкиот завод за унапредување на воспитанието и образованието. За асистент на Филозофскиот факултет е избран во 1971, а редовен професор е од 1992 г. Изведувал настава по предметот педагошка психологија на Филозофскиот и на Педагошкиот факултет во Скопје и на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола. Бил раководител на Институтот за психологија, продекан на Филозофскиот факултет и проректор за настава и наука на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Објавил повеќе од осумдесет научни и стручни трудови од областа на психологијата на образованието и училишната психологија. БИБ.: Изработување и користење на неформални тестови на знаења, 1973; Тестови на знаење, 1988; Социјалниот статус на учениците и личните особини, 1988; Векслеров индивидуален тест на интелигенција за македонската популација, 1989; Инвенторѕ оф Еуропеан Лонгитудинал Студиес ин тхе Бехавиоурал анд Медицал Сциенце, 1990. ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 77; Филозофски факултет: 1976–1996, Скопје, 1996, 91. В. Арн. Кирил Стојановски