СТОЈАНОВА, Милица

СТОЈАНОВА, Милица (Крива Паланка, 6. Ⅵ 1932) – актерка, чии креации се резултат на талент и култивиран пристап во презентирање на играниот лик. По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работи во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ (1953-1964). Од 1964 г. до пензионирањето е во Драмскиот театар во Скопје. УЛОГ: Ана Франк („Дневникот на Ана Франк“), Елиза („Пигмалион“), Петруњела („Дундо Марое“), Леди Магбет („Магбет“), Мајката („Диво месо“), Цвета („Свадба“), Донка („Бегалка“), Сарка („Нажалена фамилија“), Беатриса („Дејството на гама зраците врз сенишните невени“), Малина („Еригон“), Соња Мармаладова („Злосторство и казна“), Параскева („Дупло дно“), Пустија („Богунемили“), Босица („Хамлет од Долно Гаштани), Филамента („Учени жени“) и др. Р. Ст.