СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова

СТОЈАНОВА, Корнелија Страхилова (Штип, 24. ⅩⅠⅠ 1936) – редовен професор (1993) на ПМФ, Институт за хемија (во пензија од 2001). Дипломирала (1960), магистрирала (1978) и докторирала во Скопје. Работниот век го започнала во Електрохемискиот комбинат „Јегуновце“, а од 1962 г. е, сукцесивно, од асистент до редовен професор на Институтот за хемија. Одржувала настава по предмети од физичката хемија за студенти од РГФ во Штип, за студенти по хемија и за студенти од двопредметните студии по биологија-хемија, како и на постдипломските студии по хемија. Главниот научен интерес $ е кон електрохемијата и аналитичката хемија, а специјалност $ е поларографскиот метод. Објавила повеќе од 30 трудови, а на научни собири презентирала околу 70 соопштенија. Учествувала во обработката на 15 научноистражувачки проекти (3 меѓународни), а на два била раководител. Била раководител на Заводот за физичка хемија при Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет и на двопредметните студии биологија-хемија. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996, 228; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 248. Б. ш. Милица Стојанова