СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК

СТОПАНСКИОТ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА ВО ⅩⅠⅩ ВЕК. Преминот од ⅩⅤⅠⅠⅠ во ⅩⅠⅩ в. во Македонија, која тогаш во своите природно-историски и етнички граници се наоѓаше во составот на Османско-турската Империја, се карактеризираше со позабележително разјадување на патријархално-натуралните облици на стопанисување и со навлегување на стоковно-паричните облици на општественото производство. Во земјоделството, на местото на тимарско-спахискиот систем, кој се состоеше во доделување крупни земјишни имоти (ленови) на спахиите во замена за вршење воена служба, на чифлиците, кои претставуваа крупни стопанства од полукапиталистички тип, с“ пове-Првата електрична централа во Куманово (1926) ќе се пробиваа новите аграрнопроизводствени односи на стоковно-паричното стопанство. Новите капиталистички производствени и општествени односи с“ позабрзано навлегуваа и во градското стопанство на Македонија. Занаетчиството опаѓаше пред ширењето на индустријата, што водеше кон пролетаризирање на занаетчиите, додека еснафската организација со својата структура отстапуваше пред новите форми на организација на стопанскиот и на општествениот живот. Панаѓурите, на кои дотогаш се остваруваше размената, беа заменувани со новите и посовремени видови на трговската размена. Истовремено, со зголемувањето на надворешнотрговската размена и ширењето на внатрешниот пазар, започна модернизацијата на сообраќајот, се ширеше поштенскотелеграфската мрежа и беше пуштена во сообраќај првата железничка линија во Македонија (1873) на релацијата СолунСкопје. Застарените облици на кредитирање, какви што беа еснафските каси, им го отстапуваа местото на новите и модерни банки и кредитни акционерски друштва, чие основање го налагаа новите и изменети стопански и општествени услови на животот и развитокот. Развитокот на индустријата беше обележан со подигање индустриски претпријатија, првенствено на прехранбената и на текстилната индустрија, и со доминантно учество на странски капитал од европските земји. ЛИТ.: Акад. Данчо Зографски, Развитокот на капиталистичките елементи во Македонија за време на турското владеење, „Култура“, Скопје, 1980; Д-р Борис Арсов, Економскиот живот наМакедонија во ⅩⅠⅩ век, МАНУ, Скопје, 2000. Р. Х.