СТОН, Елеонора

СТОН, Елеонора (Мисс Стоне) – американска протестантска мисионерка во Македонија. Била грабната од четата на Јане Сандански (21. Ⅷ 1901) на патот меѓу Банско и Горна Џумаја. За нејзиниот откуп ТМОРО добила од османлиската влада 14.500 златни лири, кои биле употребени главно за купување оружје. По враќањето во САД таа ја популаризирала ТМОРО и нејзините ослободителни цели. За тоа патешествие е снимен истоимен игран филм, четврти по ред во македонската кинематографија. Елеонора Стон ЛИТ.: Манол Пандевски, Јане Сандански и мис Стон, Скопје, 1992; Мерсия Макдермот, За свобода и сÍвршенство, Биография Âне Сандански, София, 1978.; Лаура Бет шерман, Пожари в планината. Македонското револÓционно движение и отвличането на Елен Стоун (превод от англиŸски Екатерина Николова), София, 1992. С. Мл.