СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ. Од Клиниката за усни, забни и вилични болести на Мед. ф., формирана во 1949 г., за давање стоматолошки услуги на населението од Скопје и од Македонија и за едукација на студентите по медицина од предметот стоматологија, се увидело дека има потреба за отворање посебни стоматолошки студии. Ма-Зградата на Стоматолошкиот факултет тична комисија подготвила елаборат со предлог за оправданоста за отворање Стоматолошки оддел при Мед. ф. во Скопје. По утврдената неопходна потреба, Собранието на НРМ со Указ го прогласила Законот за отворање Стоматолошки оддел при Мед. ф. во Скопје (1959). Наставата се изведувала интердисциплинарно, на клиниките и институтите на Мед. ф. и на ПМФ. Подготвени се наставни планови и содржини за студентската настава. Континуирано се изучуваат базичните предмети и стручните претклинички, а потоа и клинички предмети. Постојаниот развој, создавањето доволен сопствен кадар и простор во 1977/ 78 г. доведува до формирањето самостоен Ст. ф. со осум клиники и со претклиники, со свои посебни работоводни органи, Наставнички совет, а избран е и првиот декан. Дипломирани се преку 2000 студенти – доктори по стоматологија. Факултетот опстојува 48 години како модерна современа високообразовна институција. Во рамките на Ст. ф. од 2002, односно 2003/2004 функционираат две нови наставни програми за високо образование: стручни стоматолошки сестри (со запишани 46 студенти и дипломирани 13) и стручни забни техничари (со запишани 159 и дипломирани 35 студенти). Хронолошки преглед на професорите–декани на факултетот: д-р И. Тавчиовски (1978 –1982), д-р Б. Лазаревска (1982– 1984), д-р И. Тавчиовски (1984– 1988), д-р Е. Мирчев (1988–1992), д-р М. Симоновски (1992–1998), д-р М. Накова (1998–2008). Е. М.