СТЕФАНОВ, Димитар

СТЕФАНОВ, Димитар (с. Марчино, Кратовско, 16. Ⅷ 1899 – Скопје, Х 1970) – член на ВМРО. Во 1922 г. избегал во Бугарија, стапил во редовите на ВМРО, бил во четите на Иван Јанев-Брло, подоцна во обезбедувањето на Тодор Александов. Во Милано го убил П. Чаулев (1924), учествувал во убиството на А. Протогеров (1928). До 1941 г. живеел во ќустендил, во Втората светска војна се вратил во Македонија, каде што и починал. ИЗВ. и ЛИТ.: ДАРМ, Фонд Републички секретаријат за внатрешни работи, Пописник Ⅱ, Материјал бр. 27; Зоран Тодоровски, Внатрешната македонска револуционерна организација 1924–1934, Скопје, 1997. З. Тод.