СТЕФАНОВ, Димитар Г

СТЕФАНОВ, Димитар Г. (с. Караагач, Болградско, Бесарабија, 18. Ⅷ 1871 – Бургас, 11. Ⅺ 1940) – учесник во македонското револуционерно ослободително движење. Завршил воено училиште во Киев, а право во Москва. Бил директор на Егзархиската гимназија во Битола (1900), задграничен претставник на ТМОРО во Софија (1901–1903), четник во четата на Ј. Сандански (мај 1903), претседател на ОК на Серскиот револуционерен округ. Учествувал во Илинденското востание во Разлошко. На Рилскиот конгрес (1905) бил повторно избран за член на Задграничното претставништво на ВМОРО. ИЗВ. и ЛИТ.: Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912 – Спомени, Софи®, 1981. Ал. Тр.