СТЕФАНОВ, Глигор

СТЕФАНОВ, Глигор (Кавадарци, 3. Ⅶ 1956) – скулптор, значаен за иновацијата на скулптурата во осумдесеттите години и за нејзината промоција во други средини. Живее и создава во Канада. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1981). Излагал на Биеналето во Венеција (1993). Скулптурата ја толкува на флексибилен начин, користи природни материјали Г. Стефанов: „Грабење од просторот“ (1985) (сено, слама, дрво, памук), а создава и инсталации (Линеарна интервенција, 1983; Херувими и серафими, 1993). С. Аб.-Д.