СТЕФАНОВСКИ, Јован

СТЕФАНОВСКИ, Јован (Жан) (Скопје, 9. Ⅵ 1948) – архитект. Дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1973). Се занимава со архитектонско проектирање. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура. Работел во повеќе проектантски бироа и во сопствено проектантско студио „Еуроарт“ во Скопје. Се занимава со публицистика. Објавил преку 60 написи посветени на архитектурата. Позначајни реализации: Банката во ПробиШтип (1986), Домот на занаетчиите во Старата чаршија во Скопје (1990), Деловниот дистрибутивен центар „Машинопромет“ во Скопје (1990), фабричкиот комплекс „Иноспектар“ во Скопје (1998) и повеќе индивидуални куќи во Скопје. Кр. Т. Јово Стефановски СТЕФАНОВСКИ, Јово Ангелов