СТЕФАНОВСКИ, Ристо

СТЕФАНОВСКИ, Ристо (Скопје, 5. ⅩⅠⅠ 1928) – театролог, историчар на театарот во Македонија, долгогодишен директор на теа-тар. Ја завршил Државната теаРисто Стефановски тарска школа во Скопје (1947– 1949) и Отсекот за организација на Факултетот за драмски уметности во Белград. Станал член на Драмскиот ансамбл во МНТ (1951–1960), а од 1957 г. директор на Куклениот театар во Скопје. Под негово раководство овој теа-тар прераснува во Младинскодетски (1958), а подоцна во Драм-ски театар (1967). Драмскиот теа-тар го раководел во неговите најуспешни години, кога се афирмира како водечка театарска куќа во Македонија и надвор од нејзините граници. Ја вршел функцијата генерален директор на МНТ (1983-1988). Автор е на книгите: „Театарот во Македонија“, „Теа-тарот во Македонија од античкиот театар до 1944 година“, „Од Хераклеја до Народен театар Битола“, „Театарот во Македонија – Современи тенденции“, „Театарот во Македонија – Нова естетика“ (1 и 2); „Летопис на македонската драма и театарот во Македонија“ (1 и 2), „Театарот во Македонија – Современи тенденции“. Коавтор на „30 години Драмски театар“ (со Милош и Душко Константинов); „Летопис на МНТ 1945–1995“ (со Славко Маринковиќ). Основач е и главен и одговорен уредник на списанието „Театарски гласник“. Р. Ст. Стефан Стефановски