СТЕФАНОВСКИ, Мирко

СТЕФАНОВСКИ, Мирко (Скопје, 7. Ⅸ 1921 – Скопје, 31. Ⅹ 1981) – актер и режисер. Еден од основачите на МНТ; член на предвоеното Модерно позориште; член на патувачкиот театар „Димче Трајковски“; раководител на културно-забавната трупа на ЏЛИИ дивизија во НОБ. До 1951 г. бил член на Драмата во МНТ; станува режисер во НТ во Битола (1951–1954); артист, режисер и директор на НТ во Прилеп (1954– 1960); директор на Работничкиот дом во Скопје (1960–1962); помошник-управник на МНТ (1962– 1964); постојан режисер во Театарот на народностите во Скопје (1965–1981). Значајно е неговото гостување во Птуј (Словенија), бидејќи тоа е прво гостување на македонски режисер и прво македонско дело одиграно таму („Вејка на ветрот“). Режисер е на девет праизведби од македонски автори. РЕЖИИ: „Отело“, „Волчјак“, „Малограѓани“, „Песна“, „Г-ѓа министерка“, „Вујко Вања“, „Ученикот на ѓаволот“, „Сите мои синови“, „Блудница достојна за почит“, „Без вина виновни“, „шума“, „Монсерат“ и др. Р. Ст.