СТЕФАНОВСКИ, Методија

СТЕФАНОВСКИ, Методија (Прилеп, 1926) – генерал-полковник на ЈНА. Пред Втората светска војна работел како помошен трговски работник. Во НОВМ бил од 1943, член на КПЈ од 1944 г. Во војната бил офицер за ОЗН во бригада и во дивизија. По војната вршел разни должности во органите за без-Методија Стефановски бедност, секретар за Народна одбрана на НР и СРМ, помошник на командант на армија, секретар на Комитетот на Конференцијата на СКЈ во ЈНА и други. Завршил ВВА и Воена школа на ЈНА. ЛИТ.: Војни лексикон, Београд, 1981. В. Ст. Мирко Стефановски