СТЕФАНОВСКИ, Илко

СТЕФАНОВСКИ, Илко (Битола, 4. Ⅺ 1952) – актер. Дипломирал актерска игра на ФДУ во Скопје (1986). Од 1976 г. е член на Народниот театар во Битола. Улоги: Јон („Пиреј“), Ефто („Лет во мес-то“), Анастас („Југословенска антитеза“), Лопахин („Вишновата градина“), Клаудиј („Хамлет“), Осман-бег („Балканот не е мртов“), Макдаф („Магбет“), Аџи Трајко („Бегалка“), Кољо („Тетовирани души“), Поткаљосин („Женидба“), Поцо („Чекајќи го Годо“) и др. Р. Ст. Јован Стефановски