СТЕФАНОВСКИ, Димитар

СТЕФАНОВСКИ, Димитар (Битола, 16. Ⅴ 1921 – Битола 9. Ⅳ 1978) – драмски и филмски актер, режисер и во два периода директор на Театарот во Битола. Во НОБ бил организатор на културно-просветната дејност. По Ослободувањето е еден од организаторите за формирање на Народниот Димитар Стефановски театар во Битола. Настапувал и на филм, радио и ТВ. РЕЖИИ: „Кузман Капидан“, „Ивец“, „Антица“, „Чорбаџи Теодос“, „Печалбари“, „Црнила“, „Ревизор“, „Скуп“ и др. УЛОГ: Јеротие („Сомнително лице“), Агатон („Нажалена фамилија“), Аџи Трајко („Бегалка“). Велко („Вејка на ветрот“), Полониј („Хамлет“), Тартиф (во истоименото дело), Градоначалникот („Ревизор“), Докторот („Свадбата на Мара“) и др. Р. Ст. Илко Стефановски