СТЕФАНОВСКИ, Горан

СТЕФАНОВСКИ, Горан (Битола, 27. Ⅳ 1952) – драмски автор, унив. професор, академик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Групата за англиски јазик (1974). Магистрирал на Филолошкиот факултет во Белград. Работел во Драмската редакција на МТВ (1974–1978); бил асистент на Филолошкиот факултет во Скопје и професор по драматургија на ФДУ во Скопје (1986–1998). Живее и работи во Кентербери (Велика Британија), каде што предава драматургија на Цхрист Цхурцх Цоллеге на Универзитетот во Кент. Истовремено предава и на Институтот за драма во Стокхолм (шведска). Избран за член на МАНУ надвор од работмиот состав (2004). Претставник на модерната македонска драматургија и еден од најзначајните и најизведувани македонски драм-ски автори воопшто. Автор е на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми, како и на сценаријата за играни филмови („Хај-фај“ и „Приказна за дивиот исток“). ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ: „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хајфај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Лонг-плеј“, „Кула Вавилонска“, „Травијата“ (рок-опера), „Зодијак“ (рок-балет), „Чернодрински се враќа дома“, „Сараево“, „Олд ман драггинг стон“ (кореодрама), „Казабалкан“, „Еуралиен“ (сценарио за театарски проект во изведба на 50 актери и 13 режисери), „На пат за Багдад“, „Хотел Европа“, „Демонот од Дебар маало“ и др. Р. Ст.