СТЕФАНОВСКИ, Влатко

СТЕФАНОВСКИ, Влатко (Прилеп, 1957) & гитарист и композитор. Еден од основачите на групата „Леб и сол“, со која набрзо стана познат на тогашната југословенска сцена, особено по учеството на Опатискиот фестивал, кога со обработката на песната „Абер дојде Донке“ ја освои првата награда на рок-вечерта. По распаѓањето на групата, С. оствари извонредна солистичка кариера. Кон крајот на ⅩⅩ век формира и свое трио, со кое успешно настапува по светските сцени. Реализира голем број дискографски изданија (со „Леб и сол“ – 13). Албумот „Крушево“, кој претставува извонредна обработка на македонски фолклорни мотиви за две гитари, го реализира со Мирослав Тадиќ. Соработува со дел од најпознатите балкански музичари (Теодосиј Спасов и др.). Освен како инструменталист, се истакна и како автор на музика за повеќе филмови („шмеќер“, 1985, „Џипси меџик“, 1997, „Серафин“, 2002 идр.) и за театарски и балетски претстави („Зодијак“, „Вакуум“, „Дабова шума“). М. Кол. Горан Стефановски